PLC / PAC програмирање
Проектирање, програмирање и пуштање во работа на PLC и PAC системи за управување на Schneider и Unitronics.
- Schneider Electric
- Unitronics
- PLC и PAC контролери
- Логика на управување
- Далечински I/O
Darbo Group развива индустриски системи по мерка - PLC и PAC, сопствениот DarboX-SCADA, IoT и далечински мониторинг, од сензор до веб-апликација. Партнер на Schneider Electric и Unitronics.
Не работиме како стандарден систем-интегратор што туѓа, однапред програмирана опрема ја прилагодува на проблемот. Тргнуваме од потребите на клиентот и развиваме решение што одговара токму на нив.
Се потпираме на сопствени капацитети: фундаментално програмирање, сопствени протоколи како DarboX-LoRa, сопствен SCADA систем - DarboX-SCADA - и целосни апликации што ги развиваме сами. Докажаните индустриски протоколи ги користиме таму каде што се вистинскиот избор.
Секој проект го водиме од почеток до крај, вклучително и во оперативна работа: избор на соодветни платформи, програмирање на PLC, избор на сензори, извршни елементи и конвертори, конфигурација на VPN и cloud и целосна веб-апликација.
Секој процес го тестираме темелно, меѓу другото и со помош на вештачка интелигенција. Дел од решенијата се потпираат на AI: имаме сопствени модели, тренирани за нашите потреби, кои ни помагаат при развојот на одредени апликации и компоненти.
Да развиваме решенија по мерка, според потребите на клиентот - наместо на проблемот да прилагодуваме однапред програмирана опрема од различни брендови. Се потпираме на сопствени капацитети: фундаментално програмирање, сопствени протоколи како DarboX-LoRa, сопствениот DarboX-SCADA, IoT и целосни апликации што ги развиваме сами. Секое решение го водиме од почеток до крај, вклучително и во оперативна работа: од изборот на соодветни платформи, програмирањето на PLC и изборот на сензори и извршни елементи, до конфигурацијата на VPN и cloud и целосната веб-апликација. Сè тестираме темелно, меѓу другото и со нашите AI модели.
Ја покриваме секоја фаза на индустрискиот систем: проектирање, програмирање, визуелизација и долгорочна поддршка.
Проектирање, програмирање и пуштање во работа на PLC и PAC системи за управување на Schneider и Unitronics.
Изработка на надзорни системи и оператор-панели со јасна визуелизација на процесот.
Безжична телеметрија на голема далечина преку DarboX-LoRa, нашиот сопствен комуникациски протокол - за оддалечени локации без инфраструктура.
Непрекинат надзор на опремата 24/7, со аналитика и предупредувања пред да настане дефект.
Од анализа на процесот до интеграција - оптимизација на постоечки и нови постројки.
Поврзување на разнородна опрема преку MODBUS TCP во единствен надзорен систем.
Системи за управување со згради по мерка: регулација на температурата, аквизиција на податоци и аналитика - за деловни објекти и домови.
Партнерски договори со Schneider Electric и Unitronics, а работиме и со NI LabVIEW.
PLC и PAC контролери

PLC контролери

Графичко програмирање за мерења и собирање податоци
Избор од проектите што ги изведовме - од индустриски процеси и згради до безжичен мониторинг на далечни локации.

Целосна веб-апликација што ја развивме сами: собирање податоци, складирање во база и аналитика.

Безжичен, енергетски ефикасен и самоодржлив систем за следење на подземните води.

Безжично следење на проток, притисок и количина на вода.
Систем за управување со зградата на централата на ProCredit Банка, развиен по мерка, според барањата на клиентот.
Решение по мерка за пасивна куќа: контрола и регулација на температурата, аквизиција на податоци и аналитика.

Автоматизација на пумпни станици и регулација на нивото во процесот на технолошка вода.

Систем за сепарација на технолошка вода врз основа на мерење на спроводливоста.
Безжично, енергетски ефикасно и самоодржливо мерење на 9 параметри на почвата и 6 параметри на воздухот.
Имате сличен проблем во вашата постројка?
Започни проектСигналите од сензорите се пренесуваат безжично, се обработуваат на PLC, се визуелизираат во SCADA и стануваат достапни секаде.
Надзор, собирање податоци, управување на повисоко ниво и архивирање - со безбедност и индустриски протоколи според стандардите. Сето тоа го развиваме во нашиот DarboX-SCADA или на платформата што најдобро одговара на проектот.
Тековни вредности и состојба на процесот на прегледни операторски екрани.
Аларми по приоритет, со потврда и целосна историја.
Долгорочно складирање на податоци за трендови и анализа.
Контрола на пристап и шифрирана комуникација по денешните стандарди.
Поддршка за современи и постари протоколи и за PLC од повеќе производители.
Автоматски извештаи за смени, потрошувачка и застои.

Притисок и проток од терен, истовремено, за четири дена - со целата историја подолу.
Секој проект минува низ истата, проверена методологија - без изненадувања при пуштањето во работа.
Снимање на процесот, дефинирање на сигналите и на целите на управувањето.
Архитектура на системот, избор на PLC, протоколи и топологија.
Програмирање, развој на SCADA, тестирање и пуштање во работа.
Далечински мониторинг, одржување и надградби на системот.
Опишете ни ја идејата или проблемот. За неколку дена ќе ви испратиме предлог-архитектура и проценка.
Или пишете ни директно: